Карате клубот Бонсаи од Прилеп уште еднаш го потврди натпреварувачкиот примат. На Државното првенство за сениори, во Скопје кое се оддржа на 23 февруари во изведба на кати – жени најуспешни беа каратистките од Бонсаи. Со вкупно 5 медалји се закити Карате Клубот Бонсаи и со тоа се стекна со 3 нови репрезентативки.
Добитнички на медалјите се:
Сениорскиот Ката тим во состав: Матеа Талеска, Лина Димеска и Кристина Каламукоска, кои станаа државни прваци.
Кристина Каламукоска- 3 место во ката индивидуално – сениорки
Матеа Талеска- 3 место во ката индивидуално – сениорки.
Инаку, на Државното првенство за сениори Карате клубот Металург во машка и Макпетрол во женска конкуренција беа екипни карате шампиони на Македонија во борби. Државното првенство на Македонија се состои во натпревари во екипна и поединечна конкуренција, а се одржа во Скопје, на овој најционален натпревар учествуваа вкупно 82 каратисти.
следна вест