ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ирена Јакимоска е новиот претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп

969

Ирена Јакимоска, директор на компанијата “Комфи Ангел“, е новиот претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп. Таква одлука донесе Управниот одбор на денешната седница на Регионалната стопанска Комора  Прилеп, во присуство на членовите на комората, како и преставникот на Стопанската комора на Р.Македонија, Јадранка Аризанковска .Ирена Јакомоска доаѓа на  местото на Симон Наумоски, која се повелче од оваа функција ,бидјеќи како што рече тој „ им ја отстапувам на помладите стопанственици да ја водата регионалната стопанска комора.„

„ Јас бев повеќе од 20 години претседател на Регионалната стопанска  комора –Прилеп .Работев со јак  и успешен состав на членови на Управниот одбор кои секогаш беа  комплетно присутни,беа многу актуелни во своите настапи и барања  и  предлагања на решенија во актуелни стопански теми во општината и пошироко.Јас тоа што го оставам како членови  на Управен одбор, ќе бидат од корист и ќе придонесат  Регионалната стопанска комора да продолжи  со новиот претседател успешно се со цел оваа стопанска комора  да остане во самиот врв на успешни регионални стопански комори„-рече Наумоски.

Ирена Јакимоска, новиот претседател на Регионалната стопанска комора –Прилеп се заблагодари за довербата и поддршката од страна на Управниот одбор

„Нема да биде едноставно да се продолжи нешто   што долги години било работено,на правилни постулати,толку  многу успешно. Дефинитивно сме најдобрата Регионална стопанска комора  во рамките на семејството на Стопанската комора на Р.Македонија.Затоа,да  се продолжи нешто што толку успешно функционирало досега ќе биде еден голем предизвик за мене ,од причини што секогаш треба да бидеме подобри .Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и со мерките, заедно во соработка со локалната самоуправа, а основната намера ни е да ги застапуваме интересите на бизнис секторот, не само на оние кои се членки,туку и на оние кои генерално учествуваат во економското збиднување во Прилеп ,од клучна активност за развој на нашата аопштина, бидјеќи на крајот, друго место на живеење, освен Прилеп,немаме. Па , затоа сите треба да вложуваме да го направиме подобро место на живеење и работење“- рече Јакимоска и додаде:

„Со оглед на тоа што долго  се чекаше на одлуката да биде  прифатена оставката на Наумоски членовите на Управниот одбор немале досега средба.Затоа, првиот чекот би бил  работна средба, на која би била повикана локалната самоуправа, каде  би разговарале, пред се, за локалните опструкции во реализирањето на нивините планови. Мојата лична визија е блиска соработка со студентите од Економскиот факултет Прилеп, дури и  нивна едукација во делот на имплементација на системи несебично да го пренесат своето знаење на компаниите, кои би им помогнале на членовите од Упрвниот одбор, да ја зголемуваат продуктивноста во производството.“ – истакна Јакимоска

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски го честита изборот на  членови и посака успешна соработка со локлната самоуправ

Регионалната стопанска комора – Прилеп на денешната седница го надополни бројот на две нови компанијата ,па сега брои 28 –ум членови. Новина е и тоа што наместо еден, Регионалната стопанска комора-Прилеп ќе има двајца потпредседатели, Сашо Самарџиоски, директор на Прилепска Пиварница  и Јасна Петрушевска, директор на Мермерниот комбинат-Прилеп. За извршен директор на Регионалната стопанска комора избран е Горан Попоски.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: