ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Масовни протести на Македонците во Австралија за прекин на преговорите за името

879

„Ние сме Македонија“, „Ние сме Македонци“ – ова беа пораките на десеци илјади австралиски Македонци кои денеска маршираа по улиците на Перт, Мелбурн, Бризбен и Сиднеј во Австралија. Глобалната граѓанска иницијатива „Ние сме Македонија“, зад која застанаа повеќе македонски иселенички организации, митинзите ги одржа со една единствена цел „во одбрана на правото на самоопределување и заштита на македонскиот идентитет“.Покрај тоа, движењето „Ние сме Македонија“ денеска покажа дека Македонците од Австралија ја даваат својата поддршка на Македонците во Македонија. За мирниот марш по улиците на Перт, Мелбурн и Сиднеј информираа тамошните национални медиуми, а според проценките на протестите биле присутни над 70 илјади луѓе.
Со ова Македонците покажуваат дека се обедините за прекин на преговорите околу уставното име на Република Македонија.
Ова се барањата во декларацијата на движењето „Ние сме Македонија“
1. Итен прекин на разговорите околу името на државата што Владата на Република Македонија ги води во тајност под покровителство на ОН, и неменување на уставното име – Република Македонија, и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на истото тоа. 2. Повлекување на противуставниот Закон за јазици од понатамошен процес во Собранието на РМ. 3. Организирање попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација. 4. Неменување на историјата на Македонија, статусот на МПЦ-ОА и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави. 5. Доколку Владата на Република Македонија не е способна да го стори горенаведеното, тогаш повикуваме на итно самораспуштање на Собранието на Република Македонија и организирање непосредни избори каде што и на македонските граѓани од дијаспората ќе им бидат овозможени свои претставници во новиот парламентарен состав, според принципот на пропорционалност.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: