CSS Template

Со 7, 5 милиони денари Општина Прилеп ќе го помага спортот и здруженијата

341
Avtokontrol1

Општина Прилеп со пет милиони денари ќе ги финансира спортските клубови, а со 2.5 милиона денари активностите на другите здруженија, ова беше посочено на денешниот петти по ред Граѓански парламент. Вкупната сума која ќе биде доделена, е иста како и минатогодишната На јавниот оглас што го распиша Општина Прилеп, биле пристигнати 136 апликации од 129 граѓански здруженија. Висината на побарувањата на граѓанските организации согласно со поднесените апликации, била околу 32 милиони денари, што е неколку пати над предвидената сума.

Според градоначалникот постои опција, со ребалансот на буџетот да бидат издвоени дополнителни средства за финансиска поддршка на уште неколку апликации за кои ќе се оцени дека имаат општествена оправданост и јавен интерес.
Воедно, беа издвоени дел од реализираните активности на Општина Прилеп, кои граѓанските организации ги побарале претходно. Тука спаѓа регулирањето на сопственоста на објектот, каде што ќе биде сместен дневниот „Центар за деца со церебрална парализа“, за што веќе е објавен е тендер за негова реконструкција.
„Наскоро ќе биде реализиран и проектот за отворање детска градинка во ООУ Рампо Левката, каде ќе бидат згрижени нови 75 дечиња. Го зголемивме просторот што го користи невладината организација „Порака“. Во тек се градежните активности за инфраструктурно уредување на населбата Три багреми, а со одредени финансиски средства ќе им биде излезено пресрет на барањата на фудбалскиот клуб Победа и ракометниот клуб Прилеп, истакна градоначалникот Јованоски на петтиот Граѓански парламент.

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm
Penata