ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За сигурно снабдување со ЕЕ, се модернизира „Прилеп 1“

731

 

МЕПСО вложува 1,12 милиони евра во модернизација на трафостаницата „Прилеп 1“ со замена на опремата, која што е во функција била изминативе 40 години. Со тоа, Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија за наредните 20 години. „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“ се компаниите задолжени за изведувување на модернизацијата.

Денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“ беше потпишан договор за изведба на реконструкцијата меѓу Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи. На потпишувањето на договорот присуствуваа и Горан Сугарески, министерот за транспрот и врски, министерството кое што од Владата ја презеде сопственоста врз МЕПСО, како и хрватската амбасадорка Даниела Баришиќ, градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и претседателот на Совет на Општина Прилеп Миле Талевски.

Модернизацијата на трафостаницата вклучува промена со нова на високонапонска опрема. Ќе се вградуваат нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нови системи за мерење електрична енергија и нов систем за релејна заштита.

– МЕПСО за жителите и компаниите во Пелагонија сега вложува 6 милиони евра. Станува збор за три инвестиции во преносната мрежа во Пелагонија. Овде во оваа трафостаница вложуваме 1,1 милиони евра, уште 1 милион евра сега вложуваме во трафостаницата „Битола 2“, а склучивме договор вреден 3,9 милиони евра за изградба на нов далекувод што ќе ја поврзе оваа, со трафостаницата „Битола 1“ , потенцираше Василевски, генералниот директор на МЕПСО.
Министерот Сугарески потенцираше дека модернизацијата на оваа трафостаница е од огромно значење за Прилеп и околината, но и повик за сите инвеститори дека градот има квалитетна електроенергетска инфраструктура.

– Сакам да ги уверам сите заинтересирани инвеститори за овој регион дека ние сме подготвени да понудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија и да одговориме на нивните потреби. Овој менаџмент на МЕПСО започна инвестициски циклус од преку 26 милиони евра за модернизација на 10 трафостаници и изградба на 5 нови далекуводи. Сакам да изразам задоволство од нивото на инвестиции во преносната мрежа, рече Сугарески.
Модернизацијата на трафостаницата „Прилеп 1“ и на далекуводот што ги поврзува Прилеп и Битола ќе се реализира за година и половина, а модернизацијата на трафостаницата „Битола 2“ ќе биде готова за 2,5 години. ТС Прилеп 1 претставува централна напојна точка за регионот на северна (горна) Пелагонија и регионот на Мариово. Истата е поврзана на електропреносниот систем преку 110 киловолтни далекуводи со трафостаници во Битола и во Кавадарци, а со неа се поврзани и три трафостаници на дистрибутивниот систем преку кој се напојува со електрична енергија градот Прилеп, неговата околина и Мариово.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: