10.9 C
Прилеп
сабота, 14 септември, 2024
Пела Радио

Бомбата била активирана, но се изгаснала

Рачната бомба што беше пронајдена пред кафе-бар во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне, била „кашикара“ и била активирана, но се изгаснала и не експлодираше, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство каде се води истражната постапка за случајот кој ги вознемири прилепчани.
Досега Обвинителството, кое веднаш даде налог да се направи крим-техничкото вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната бомба-кашикара, за нејзиното полнење, која била активирана, но се изгаснала. Освен тоа, не се пронајдени ДНК – примероци од евентуалниот сторител, ниту папиларни траги, односно отпечатоци, освен оние од официјалните лица кога ја демотираа рачната бомба. Се прегледуваат снимките, но засега нема конкретни индиции за сторителот, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство.
Рачната бомба крај летната бавча, под една столица, на кафе барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне ја забележал персоналот на кафе-барот, а сопственикот веднаш пријавил во полиција. Три часа се обезбедуваше теренот додека Единицата за антитероризам при МВР не ја демонтираше рачната бомба

Извор:ТВ Сител

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО! (Видео)Патот на дел од Плетвар под вода

Пела Редакција

Електро – машинци, ученици, се обучуваат во Комбинатот

Елизабета Филипоска

Град со големина на лешник го зафати Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе