5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

ИНФОРМИРАЈТЕ ГИ НОВИНАРИТЕ НАВРЕМЕНО!- „Не е срамота ако гори и не може да се изгасни, срамота е да знаеш, а да не информираш!“

Голготата на патниците кои требаа да го поминат превојот Плетвар , вчерапопладен,до касно вечер, нема да го заборават оние кои патуваа ,и оние кои беа во исчекување на луцатакои требаа да пристигнат преу Плетвар . А, се поради не информираност на граѓаните!  Никој ним не им кажа дека гори на Плетвар,  единствениот пат кој го поврзува Прилеп и Пелагонија со Скопје и обратно , но и Југоисточна Македонија со Западна Македонија. Плетвар мора да се помине, ако се патува на овие релации!  Од времето на Тито , друг пат, нема!  Не е ни изграден! 30 години се наговара дека ќе се гради ваму -таму, но друг пат не се направи. И, ете, колку е важен превојот  Плетвар. Се плашиме од зимата, но летото испадна посурово! Со часови луѓе останаа заглавени на Плетварското џаде! Се изнаголатаа џад , ја преживееаа гоготота која ни на сон не ја замислувале, кога решиле да излезат или да се вратат во Прилеп или Битола …

Кој беа последиците од не информирањето!

Насловот е преземен од наша колешка. Таа изјави, дека нејзината внука заглавила на Плетвар. Да ја знала навреме инфомрацијата ќе отстанела некаде, пред Росоман и немало да голта џад, и да биде заглавена во сообрајќаниот метеж.   Таа на својот facebook напиша:

Поради немање информација дека Плетвар гори, една госпоѓа истакна дека задоцнила на аеродром и го изгубила авионскиот лет. Морала да се „трка“ со времето , бидјеќи откако стигнала на Плетвар со својот автомобил, дознале дека Плетвар поради пожар е непрооден .Одлучилие до Аеродромот во Скопје да одат  ,преку Кичево , но времето немилосрдно ја претекнало… авионот заминал, а таа изгубила…не само финасии, туку и можеби бизнис зделка , патување, или битка за спас на нечии живот. Кој знае?!.. Еве што таа изјави на facebook во коментар :

Многу патници од прилепската автобуска станица не тргнаа на својот пат.  Некои имале можеби деловни состаноци , па завршија без договор, некој , испит на студии, па остана за некој друг месец полагањето,  некои поради ова изгубија студенска година, некој поради немање како да се стигне до Скопје, Гевгелија, Штип…изгуби значаен момент,  здравствен, финасиски , деловен итн.

Ете ,затоа е важно да се информира навремно. Новинарите се тие кои ја пренесуваат веста, брзо, на своите електронски гласила, портали итн. Без нивно информирање, многу луѓе загубија ден,  ја загубија битката со времето…

Малку и дефиниција!  Новинар е човек кои ги собира информациите и ги пренесува на јавноста преку печатени медиуми, телевизија, радио, портал …Новинарот е должен да се грижи за јавниот интерес! Но, како ако не е инфромиран, ако институциите не даваат информации или информираат само преку нивните јавни гласила ?! Ова не е прв пат, како новинарите (прилепски) не се благовремено информирани . Неодамна тоа се случи со празното Вештачкот езеро во Прилеп. Јавноста не беше информирана за испуштањето на водата и , без оглед, што вистината беше на страната на ЈП,  сепак, настана толкава збрка, што на крајот беше виновен , кој друг ако не, новинарот, кој ја објавил фотографијата, сакајќи само да ја информира јавноста за настанатата ситуација со празното Вештачкото Прилепско езеро.

 

Овој настан,со пожарот на Плетвар,  е нова приказна за ненавремено информирање на лицата кои се задолжени да ја информираат јавноста!

Како и да , утринава АМСМ потврди дека од 23 часот , синоќа е нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман. Сообраќајот на патниот правец Прилеп -Росоман беше во прекин поради голем шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица.  Поради густиот чад и намалената видливост, не се возеше во двата правца, а се создаде долга колона возила. Гореше нискостеблеста шума и трева.

Во гасењето,  на пожарникарите од Прилеп на  помош иим пристигнаа  и пожарникарите од Кавадарци и  Крушево, а синоќа се екипира и Кризниот штаб во Прилеп  кои имааше средба со сите релевантни фактори.

Командирот на ТППЕ – Прилеп, Виктор Стојчески, после состанокот на Општинскиот кризен штаб, искажаа благодарност до сите оние кои се бореа со огнената стихија, како и до противпожаните единици од соседните општини.

„Вчера на 5 места имавме големи шумски пожари кои се појавија, безмалку, во разлика од 2 часа. Најголем беше пожарот на регионалниот пат Прилеп-Градско, кој мораше да биде затворен за сообраќај за да се избегнат поголеми катастрофи. Во овој момент пожарите се локализирани, некои се изгаснати, но мора да се држат под контрола заради временските неприлики, поточно силниот ветер и сувата трева, што можат да предизвикаат нивно повторно палење. Со пожарите е зафатена површина од околу 300-400 хектари, во добар дел непрооден терен, што ни создава дополнителни проблеми. Единствениот активен пожар е оној кај селото Рилево, општина Долнени, но и тој е под контрола“,-  рече командирот на ТППЕ – Прилеп, Виктор Стојчески.

Во гаснењето на пожарите учествуваа повеќе од 100 лица и 20 противпожарни возила. Во моментов не може да се кажат причините што  доведоа до создавање на пожарите, „но во 99 отсто од случаите, причина е човечкиот фактор.“-велат надлежните

 

Градоначалникот на Прилеп , Илија Јованоски , истакна дека заради сериозноста на ситуацијата, првиот состанок на Општинскиот кризен штаб беше свикан доцна синоќа, при што беа дадени насоки за постапување и беше направен распоред на екипите за гаснење на пожарите. Информациите од терен,  како што рече градоначалникот Јованоски, велат дека со пожарите се зафатени нискостеблести растенија, смрека, чалија и трева.

„Утрово повторно бевме на терен, на сите три места пожарот е изгаснат. Има екипи кои ја контролираат состојбата и во овој момент таа е стабилна. Членовите на кризниот штаб се во постојана комуникација со сите структури кои се излезени на терен, состојбата се следи и доколку има потреба ние сме спремни да реагираме“, – потенцираше градоначалникот Јованоски, преку допис до медиумите.

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Автобуската станица во Прилеп привремено се затвора

Гордана Цветаноска

Перото на македонските автори за деца во нашата училница

Пела Редакција

Награда за Витаминка за општествена одговорност од Банка за храна

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе