29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Театарот влегува во затворот

Монодрамата „DELIRIUM TREMENS“ од прилепчанецот Благоја Ристески Платнар во режија и изведба на актерот Игор Трпчески, од „Театарската работилница Прилеп “ вечерва се игра во прилепскиот затвор. Ова е за прв пат, било каква театарска претстава да се игра во казнено поправната институција во Прилеп, а можеби и воопшто во Македонија.

Од Театарска работилница Прилеп најавуваат и други културни настани во иднина кои би се одржале во прилепскиот затвор.

Delirium Tremens или Алкохолно труење е дијагноза која ја добиваат хронични
алкохоличари помеѓу 48 и 72 часа од последната испиена чашка алкохол. Проследена е со тресење, дезориентација па се до халуцинации и стравови кои би можеле да го доведат субјектот во афектна состојба и да го направат опасен по себе и по околината.

Би можело да ве интересира

Отворена изложбата “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”

Го славиме Свети Трифун – заштитник на лозарите и на градинарите

Втор ден Духовден – Патрон празник на прилепските фризери

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе