Прилепскиот џудо клуб „Сеишин“ е прв во Македонија за 2019 година, со освоени 318 бодови во севкупна конкуренција ,од вкупно 18 клубови кои се натпреваруваат во натпреварувачката сеона 2019 во Македонија . И,току тој успех беше повод , клубот да прослави и на пригодна свеченост да им додели награди на своите најдобри натпреварувачи за натпреварувачката сезона 2019 година на ниво на клубот, како и признанија за заслуги и помагачи на клубот.
Најуспешен натпреварувач е прогласена ТЕОДОРА ДИМЕСКА, Тренер на годината е МИКИ ЧАДАМОВ 1 ДАН, а посебна плакета за придонес во развојот на тренажниот процес кај младите џудисти доби,бетеранот, Маке Спиркоски, додека пак плакета за посебни заслуги во остварвуањето на меѓунаросните контакти на клубот , односно за амасадор на клубот ,доби Киро Здравески
КЛУБ СО УСПЕХ – ВКУПНО 162 МЕДАЛИ И 4 ПЕХАРИ во 2019
Во натпреварувачката 2019 година Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зеде учество на вкупно 10 Државни Првенства со освоени 96 медали, 10 Меѓународни Турнири со освоени 66 медали, 4 Балкански Првенства (8 членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ) без пласман и учество на 1 европски куп во Загреб без пласман.
Дел од кадетите членови на клубот настапија и за националната репрезентација во САМБО на Балканско Првенство кое се одржа во Скопје при што како членови на машката и женската Самбо Репрезентација за кадети освоени се вкупно 4 Балкански медали (1 прво Место, 1 второ и 2 трети места).
Пехарите се освоени на : Меѓународен Турнир Струга Опен 2019 за најдобри пионери, Меѓународен Турнир Сребрено Језеро 2019 за најдобри кадетки, Меѓународен Турнир Прилеп Град Херој 2019 за најдобра екипа во кадети,на Државно Екипно Првенство за Сениори-ки за освоено 2 место екипно.
ОРГАНИЗАТОР НА ПОВЕЌЕ ТУРНИРИ
Клубот оваа година организираше и 2 Државни Првенства (Кадети и Ветерани) и 1 Меѓународен Турнир на кој учестуваа 320 учесници од 35 клубови , а особено е важно што присуствуваа 3 странски еминентни џудо стручњаци (Славко Обадов 9 дан, Павле Буљчик 4 дан од Србија и Чихи Јанош 6 дан од Унгарија). Сеишин технички организираше 1 Манифестација – Светски ден на Џудото каде заедно со уште неколку клубови и претседателството на Џудо федерацијата на Македонија направија интерсна акција во пошумување во месноста Селце. Клубот со свои претставници зеде учество уште на 2 Меѓународни џудо кампови и тоа во Загреб и Белград и двата за кадети. Стручните лица на клубот зедоа учество и на 2 џудо стручни семинари за во Битола (тренери и судии) и Белград (тренери).
Листа на најдобри натпреварувачи на клубско ниво во 2019 година: Ветерани: Киро Здравески, Маке Спиркоски ,Јуниорки: Александра Најдоска , Јуниори: Марио Цинцароски, Кадетки: Теодора Димеска, Кадети: Јован Најдоски, Антонио Талески, Пионерки: Ивана Стеваноска, Пионери: Сеадин Рустемоски, Помлади Пионерки: Теа Настоска,Теона Настоски,Помлади Пионери: Димитри Џокоски, и во категоријата , Деца момчиња: Благојче Мантароски
Дипломи за покажан особен успех и упорност на тренинг добија: Давид Мицкоски,Ангел Талески, Бојан Ѓорески ,а за Тренер-Асистент на годината 2019 диплома доби Марио Тошески 1 КЈУ.