11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Долно Дивјаци се гради мини хидроцентрала

Градоначалникот на општина Крушево изврши увид во работите за изградба на мала хидроелектрична централа во село Долно Дивјаци. Мини хидроцентралата ќе се гарди на реката  Жаба, која e  лева притока на Црна река и за која се проценува  дека нејзините речни води би можеле да послужат како извор за производство на електрична енергија. Течението на реката Жаба  започнува од Бушева Планина и по своето течение,таа поминува низ селата Арилово и Долно Дивјаци.

Ова е втора мала хидроцентрала која се гради на територија на општина Крушево. Првата е во с. Острилци, која започна да се гради мај 2018 година

 

 

 

Еко став

Дел од екологистите во Македонија сметат дека мини хидроцентрали не треба да се градат оти го нарушуваат еко системот на природата. Тие предлагаат средствата да се пренаменуваат за поставување на соларни панели, „бидјеќи сонцето не се троши, а чистите води ги има се помалку“ .

Инаку, речиси дванаесет години македонската влада издава концесии за изградба на мали хидроцентрали, а десетина години трае битката на невладините организации и локалното население против нивната изградба. Владите остануваат на тврдењата дека овие капацитети се потребни за да се зголеми производството на енергија од обновливи извори, а оние кои се против, тврдат дека само се прави штета на природата.

 

Би можело да ве интересира

Во Кривогаштани инфо средба за окрупнување на земјоделското земјиште

Гордана Цветаноска

Градскиот пазар в сабота е отворен (од 7 до 14 часот)- градските гробишта се затворени

Елизабета Филипоска

Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе