29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Почина возач при работа во рудник во прилепско

Прилепчанец, возач на товарно возило, починал при извршување на работните задачи. Имено, вчера, во 11.15 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во рудник во Прилеп, Д. З. (67) од Прилеп, кој управувал товарно возило „сканија 113“, со велешки регистарски ознаки, при извршување работни задачи во рудникот паднал од камионот. Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп, каде што од лекар била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Полицијата спречи бесправна сеча и уапси четири лица

Во Кривогаштани приведен бегалец од затвор

Кај возач измерени 4,07 промили алкохол !!!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе