30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Кај возач измерени 4,07 промили алкохол !!!

Во рамките на акциските контроли на полицијата, бил санкциониран пијан возач, кај кого биле измерени 4,07 промили алкохол во ресенско:
СВР Битола во текот на вчерашниот ден (24.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени  4,07 промили алкохол.
Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај Радобил на патот Прилеп – Росоман

Масовна тепачка – четири лица нападнале четири други со стаклени предмети

Во Пелагонија дрога со килограми – Во Битола запленета 250 кг., а во Прилеп одземена од препродавачи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе