25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Победа успешна во последниот, шести, подготвителен натпревар

На теренот на Могилата, Победа попладнево го одигра шестиот натпревар во подготвителниот период и беше поуспешна од второлигашот Осогово со 3-1, полувреме 1-0.
Победа поведе во 4-тата минута со голот на Анастасовски. На 2-0 водството го зголеми Илијоски , а Анѓелески беше стрелец на третиот гол за Победа во 78-тата минута. Гостите од Кочани постигнаа почесен погодок пред крајот на мечот (Здравески во 88-та минута).
Победа настапи во состав: Котевски (од 73 мин Столевски), Наумовски, Дамески (65 мин С.Спиркоски), Петкоски, Колески, Дунимаглоски (65 мин Ефремов), Кисески-Илијоски, Анѓелески (од 78 мин Митрески), Симјановски (од 46 мин Андреески), Анастасовски (од 78 мин Митрески) и Гешоски (од 70 мин Ф.Спиркоски).
Наредниот викенд започнува пролетната полусезона на Втората лига-Исток.
В сабота, во рамките на 15-тото коло Победа се среќава со Питу Гули во Крушево.

Би можело да ве интересира

Празничен брзопотезен шаховски турнир во центарот на Прилеп (ВИДЕО + ФОТО )

Авто Контрол и Даниела продолжуваат по патот на хуманоста од Љупче Перканоски

Пела Редакција

Започнува пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе