16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Балканот бара чист воздух, заеднички протест на екологистите

Еколошките организации од целиот Балкан, за прв пат досега, се здружуваат во заеднички протест против загадувањето на воздухот!

Скопје, Белград, Приштина, Призрен, Подујева, Подгорица, Сарајево, Зеница и Бања Лука, 9 градови од 5 држави на 28-ми февруари, в петок во 18:00 часот ќе излезат заедно на улица, во знак на солидарност.

„Време е да се обединиме заедно, како народ од сите држави, против одлуки и политики кои дозволуваат загадување на нашиот воздух, нашите деца и нашата иднина. За смогот граници не постојат, истото важи и за нас! БАЛКАНОТ БАРА ЧИСТ ВОЗДУХ“, се вели во повикот од еколошките организации

Во Скопје протестот ќе се одржи в петок во 18:00 пред Министерство за животна Средина.

Би можело да ве интересира

Еко акцијата за чистење кај вештачкото езеро, поместена за в недела

Прилеп – најеколошки град ,а Јованоски – најеколошки градоначалник во Македонија за 2018 година

Како да се уништи природата и зошто?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе