5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Женските политички здруженија од Прилеп активно го одбележаа Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март

Под мотото ,,Со моќни жени до моќна држава” ,Форумот на жени на ОО СДСМ Прилеп со организираn хепенинг , по повод Меѓународниот ден за правата на жената, 8-ми Март меѓу прилепчанки ги  промовираа мерките и достигнувањата на СДСМ во унапредување на положбата на жената во општествениот и политичкиот жовот,  при тоа поделивјаќи им цвеќе на непосредните жени минувачи .

„Донесовме нов закон за прекин на бременоста ,ја ратификувавме Истанбулската конвенција и го донесовме националниот план за нејзина имплементација се грижиме за жртвите од родово базирано насилство, донесовме закон за минимална плата – женски труд без дискриминација, го подобривме животот на жените во руралните средини, борба против дискриминација на сите полиња во општеството, досега иако постигнавме многу борбата треба да продолжи. Ако немаме еднаква застапеност на двата пола и еднакви можности нема среќно општество. Затоа овој ден нека биди потсетник и повик до секоја жена,  дека борбата за родова еднаквост не трае само еден ден , таа треба да биде секојдневна.  Само со моќни жени се гради моќна држава“-  напиша  на својот facebook профил,  претседателот на Форумот на жени на ОО СДСМ Прилеп, Петра Лукарска

И, Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ  своајта денешна активност ја насочија кон одбележување на празникот 8-ми Март, Денот на жената,  како ден на постојаната борба на жената за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Жените, членки на ОК на ВМРО ДПМНЕ на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ им подаруваа цвеќе на непосредните жени менувачи, честитјаќи им го празникот и укажувајќи им на важноста на жената да биде опшествено активна и вклучена во опшествените збиднувања,  со цел подобра иднина.

 

„Кога жена на жена ќе подари цвеќе и ќе охрабри за предизвиците, тогаш тоа значи дека е од срце. Среќен 8ми Март! Денот на жената, симболот за борба за женски (човекови) права!- напиша на својта facebook страна претседателот на Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ-Прилеп  ,Ирена Стерјовска

 

Инаку, во 1977 година, Генералното собрание на ОН усвојува предлог со кој 8 март се прогласува за Меѓународен ден за правата на жените и меѓународниот мир. Еден од позначајните документи што се однесува на правата на жената е Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година.  Оваа Конвенција е позната и како „Женски закон“.

Мошне значаен документ во рамки на Советот на Европа е и Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, популарно нарекувана Истанбулска конвенција, која содржи досега најсеопфатни законски решенија и политики за заштита од насилство врз жените.

Македонија ја потпиша Конвенцијата на 8.7.2011, но сè уште ја нема ратификувано.

Би можело да ве интересира

Нема економски развој без квалитетни социјални услуги!

Јованоски: Свети Никола се чествува во знакот на еднаквоста и хуманоста

Гордана Цветаноска

Крушево со нова опрема за заштита од пожари

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе