22 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Финансиската поддршка за тутунопроизводството е иста, наскоро исплата на субвенциите за реколта 2025 та

Критериумите остануваат исти за добивање на субвенции за тутунопроизводство според мерките предвидени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Евидентирањето на земјоделските парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) и Системот за идентификација на земјоделските парцели (СИЗП) е доколку земјоделците планираат да се пријават за финансиска поддршка за обработка по површина и за  „зелена нафта“. Додека критериумот за мерката која се однесува на субвенциите за предаден ориентален тутун од ланската и од актуелната реколта не е условен со оцртување на површините, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

„Нема никаква промена во критериумите за субвенционирање. Новата Програма за финансиска поддршка Министерството за земјоделство ја носи во јануари 2027 ма година.

Рокот за склучување на договори за новата реколта 2026/27 е продолжен до 9 ти април, а интересот бил зголемен и од страна на тутунопроизводителите и од откупните компании.

„Склучувањето на договори е во тек, Министерството за земјоделство го продолжи рокот до 9 ти април поради тоа што на почетокот имало проблем со внесувањето во електронскиот систем, така што тоа се искомпензира и го продолжија рокот. Во контактите со компаниите и информациите од кај нив има зголемување и на површините и на нови кооперанти,“ вели Ристески. 

Податоците за предаден ориентален тутун од ланската реколта се обработени од ресорните служби и се очекува во текот на овој месец да бидат исплатени субвенциите од реколтата 2025/26.

„Земјоделскиот инспекторат ги завршил контролите за предаден тутун. Очекуваме до крајот на месецов и пред почетокот на мај  да биде исплатена субвенцијата за предаден тутун во целост. Што се однесува на цените за новата реколта, засега нема промена. Очекуваме пред почетокот на откупот да се избориме со анекс на договори да ги коригираат цените поради тоа што со кризата на Блискиот Исток цените на репроматеријалите се зголемени и треба да дојде до промена на откупните цени, рече Ристески. 

 

Би можело да ве интересира

ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА

Советот на општина Прилеп ја одржа 36 тата итна седница

Општина Прилеп бара воздушна поддршка за спасување од пожарите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе