30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Регистрирани 9 нови случаи на лица инфицирани со коронавирус во Општина Прилеп

Денеска, 18 ти април, во општина Прилеп регистрирани се 9 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот,информираат од прес службата на Локална самоуправа Прилеп.

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на КОВИД-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка. Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час.

Би можело да ве интересира

[Видео] Новинарите бараат соодветно да им се вреднува трудот

Новогодишна програма за дочек на 2023 та година на плоштадот Ченто

Дијаспората има рок до 11 март за пријавување за гласање

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе