30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

КОВИД 19 ја зеде првата жртва од Крушево

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Крушево  и Куманово на возраст од 77 години и 85  ,  а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19.

По градови:
– Скопје-22
– Куманово-4
– Прилеп-3
– Струга-3
– Велес-3
– Битола-1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117.
Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Стручно и посветено за безбедноста во сообраќајот – Авто Контрол, овластена техничка служба единствена во Прилеп

Синдикатот пресметал: пораснала миналната кошница за декември‼️

Пела Редакција

Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе