14.4 C
Прилеп
сабота, 14 септември, 2024
Пела Радио

Ќе се распределува донацијата од тетовското семејство Дестани, 100-те таблети за прилепските ученици

Денеска Општината почна со  распределбата на донацијата од 100 таблет –  компјутери, за ученици од основните прилепски општински училишта.  Донацијата од 100 таблет-компјутери, неодамна  ја донира тетовското семејство Дестани преку компанијата „Еколог Интернешнл”, и е намнета за ученици од социјално загрозени семејства во Општината Прилеп. Согласно препораките на Владата и Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот, таблет-  компјутерите кои се донација на тетовското семејство Дестани, ќе бидат делени во помали групи, во следните неколку денови.

Донаторот и филантроп Лазим Дестани при доелувањето на донацијата во Прилеп , на 30 -ти април, истакна дека една од најважните работи што заеднички може да се направи за време на кризата со Ковид-19,  е да се осигура  иднината на оваа земја,  децата, „за тие да ја продолжат наставата без пречки“ , – изјави Дестани.

Приелпскиот градоначалник Илија Јованоски тогаш  го истакна  значењетп на оваа исклучително вредна донација, која ќе има големо значење за учениците од социјално ранливите категории.

– Оваа донација, благодарејќи на тетовското семејство Дестани ќе предизвика радост кај 100 ученици од Прилеп. Со помош на донираните таблети, учениците ќе може непречено да ја следат он-лајн наставата, која поради неможноста да набават дигитална опрема, на еден начин ги остави надвор од образовниот процес. Од тој аспект, иницијативата и хуманоста на семејството Дестани добива на уште поголема важност, рече тогаш  Јованоски.

Би можело да ве интересира

Пријавување за вакцина во домашни услови во Прилеп и Крушево

Гордана Цветаноска

Нема карантин за први мај, слободно движење во петок, сабота и недела до 14:00 часот !

Гордана Цветаноска

Во Прилеп одбележан Денот на револуционерната борба, 23 Октомври

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе