5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Богоески: Гинеколошкото одделение во Општата болница во Прилеп продолжува да функционира

Во гинеколошко – акушерското одделение при Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп 7 медицински лица се позитивни на Ковид 19. Информацијата ја потврди Центарот за јавно здравје, а денеска за состојбата и за тоа како и дали ќе функционира ова одделение се произнесе Драган Богоески, директор на прилепската болница.

– Имаме 7 позитивни здравствени работници, од кои 4 се болничарки, а 3 се медицински сестри.Инфекцијата е внесена од надвор, од болничарка и е раширена меѓу останатиот персонал. Воедно , направено е тестирање и на сите здравствени работници в гинеколошко одделение. Во изолација има 9 здравствени работници, заради можноста од нивно заразување, бидејќи тие се нотирани како здравствени работници со висок ризик кои што биле во поблизок контакт со вработените кои се позитивни во моментов.
Во соработка со раковидителот и главната сестра на гинеколошкото одделение, работата е организирана и продолжува и понатаму да функционира одделението со намален број на персонал, со едно рестроктуирање. Се изведуваат сите породувања, воедно ова одделение ги изведува и сите итни здравствени услуги, рече директорот Богоески.

Медицинскиот персонал работи со сите заштитни здравствени средства и опрема и ризикот од заразувањењ е сведен на минимум, посочи Богоески, кој вели дека засега нема најава за скрининг на сите вработените во прилепската болница. Досега во прилепската болница има околу 15 до 18 случаи позитивни на корона вирус. Основната препорака до сите вработени во болницата од Центарот за јавно здравје Прилеп, е носење на заштитната опрема и почитување на социјалната дистанца.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (40)

Пела Редакција

Боево гаѓање на стрелиштето Леково

Женско е првороденото бебе во 2023 та во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе