30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

„Чиста куќа“ премиерно в сабота

Сабота (31 мај 2025 ) од 20.00 часот на сцената од ЦК „Марко Цепенков“, театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде прикажана претставата „Чиста куќа“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска.

„Чиста куќа“ е претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови. Зборуваме за непредвидливите пресврти во животот и начинот на кој се соочуваме со нив, за болката што е неизбежна, за големината на простувањето, но и за љубовта и губењето на истата. Претставата го истражува ширењето на емпатија и начинот на кој се справуваме со траумите од детството — во нашиот случај, преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување.

Во драмата:
ЛЕЈН – Даниела Иваноска
МАТИЛДА – Наташа Ачански
ВИРЏИНИЈА – Катерина Чакмакоска-Клинческа
АНА – Јасмина Мицовска Станкоска
ЧАРЛС – Димитар Ѓорѓиевски

Би можело да ве интересира

Започна семинарот „Доближување на децата до фолклорот“, во рамките на фестивалот „Пеце Атанасоски„

Овековечување на делото на Ѓорѓи Ачески-Аче, промоција на монографија и Камерна галерија „Аче“

Концерт на Дани Жоговска во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе