20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

„Мариовскиот мед“ и „Мариовското биено сирење“ ќе се брендираат

Секој регион во Македонија изобилува со традиционални специјалитети, квалитетни локални, автохтони, земјоделски производи, но само малку од нив носат предзнак како гаранција за квалитетот. Тоа е додадена вредност која што на пазарот купувачите ја препознаваат и ја бараат, затоа што подрачјето на потекло, претставува одредена гаранција за сигурен квалитет. Но, само мал број од земјоделските продукти и локални специјалитети формално го носат тој предзнак.

Колку македонските земјоделци и оператори со храна се заинтересирани за брендирање на производите?

 

На јавниот повик од Министерството за земјоделство, за заштита на називите на македонските земјоделски производи и традиционални специјалитети („Заштитена ознака за потекло“, „Заштитена географска ознака“ или ознака за „Гарантиран традиционален специјалитет“), кој што заврши на почетокот од месецов, пристигнале апликации од само 6 заинтересирани здруженија и правни лица. Од нив, „Мариовско биено сирење“ и „Мариовски мед“ се на добар пат да прераснат во брендирани производи за земјава и за странските пазари.

Важно е за државата одредени производи да бидат заштитени

-За нас како држава е важно одредени производи да бидат регистрирани, односно заштитени. Пристигнатите барања се претежно од здруженија. Имаме интерес за регистрација на „Буковската пипер“, „Мариовско биено сирење“, „Овчеполски производ од овчеполско јагне“, „Слатко од диви смокви“ и за „Мариовски мед“. Комисијата ги разгледува сите овие апликации. Максималната финансиска поддршка по елаборат се движи до 300 илјади денари, од кои што 20% е авансот, остатокот со поднесување на комплетната документација, следи и исплата на останатите 80%, рече ресорниот министер Трајан Димковски во програмата „Убав ден со Радио Пела“.

Тој посочи дека целта е што повеќе домашни македонски производи да добијат вакви ознаки за заштитен квалитет, потекло, традиционални специјалитети, а јавните повици за бреднирање на земјоделските продукти и специјалитети.
– Се надевам дека ќе мотивираме повеќе граѓани, здруженија, одредени правни субјекти кои што би биле во интерес да имаме вакви заштитени специјалитети. Кога зборуваме за развој на руралниот туризам, а ние како држава сме познати по квалитетна и добра храна, со ова се овозможува на самите земјоделци, кои живеат во селата, да можат добијат и една дополнителна алтернатива. Иако велиме дека руралниот туризам може да биде добра алтернатива, но очигледно дека ако сериозно се работи на ова поле, имајќи ги на ум сите убавини кои што ги имаме, да се остварат дополнителни, а некаде и основни приходи од руралниот туризам, посочи Димковски.
Засега, меѓународно регистрирани македонски географски ознаки согласно Лисабонскиот договор за меѓународна регистрација на ознаки на потекло и географски ознаки има вкупно 5, тоа се „Македонски ајвар“, „Кривопаланечки мед“, „Дисан“, „Кочански ориз“ и „Охридски бисер“.

Би можело да ве интересира

Ако барате рабата, огласи за вработување во администрација

Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар

Гордана Цветаноска

На 17 мај започнува исплатата на субвенциите за тутун од ланската реколта

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе