12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“ на повидок

Уште едно убаво културно случување во Прилеп, градот на театарот. Идниот викенд  ќе се одржи театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“. На фестивалот ова му е втора издание, и беше замислен како предвесник на Фестивалот за возрасни „Војдан Чернодрински“. Но, оваа година поради пандемијата,  сите датуми на културни збиднувања се изместени, па и театарскиот фетивал за деца “светлината на денот“  ја има со задоцнување од два месеци.

Како и да е , голем успех и мотив, е тоа што  фестивалот ќе  се одржи и покрај “сивилото на состојбата“ со коронавирусот,  со цел да му даде поттик на најмладите да ја продолжат театарската култура.

Театарскиот Фестивал за деца „Силјан Штркот“ ќе се одржи на 11 ,12 и 13 септември, во организација на Здружението на граѓани „Мал Прилепски Театар“, кој е поддржан од Министерството за култура, Општина Прилеп и дел од прилепските стопанственици

Оранизаторите на викенд театарското дружење за најмладите веруваат дека фестивалската публика, најмладите, ќе уживаат и оваа година со театарски претстави за деца, кои се во помал број од лани, поради новонастанатата здравствена состојба.

На фестивалот ќе учествуваат: Театарот за Арт Медиа Скопје (11.09 2020) со преставата “Кралицата на музиката„, за деца на возраст од 4 до 12 години, Театарот на Сенки и Облаци, Скопје (12.09 2020 г)  со претставата  „Алиса во земјата на чудата“, за деца на возраст над 6 години и Театарот Видливост, Струмица (13.09 2020) со претставата „Дружината на Лајко Сезнјако“  за театарска публика на возраст од 3 до 7 години .

Фестивалот ќе се одржи на летната сцена на ЦК “Марко Цепенков“, а претставите започнуваат во 19,оо. Влезниците веќе се во продджба, но бројот на посетители е ограничен поради пандемијата. Театарскиот Фестивал за деца „Силјан Штркот“ ќе се одвива под сите мерки на заштита.

 

 

Би можело да ве интересира

„Седумте архангели“ изложба од уметникот Малбашиќ

Гордана Цветаноска

Изложбата „Човек – број“ го опишува човекот како бројка во современот начин на живеење

Елизабета Филипоска

Светот е убав -порачаа со песна и игра учениците од ООУ „Кочо Рацин“ (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе