28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

(Потсетување) Прилеп утре (недела 21ви) неколку часа без струја

📢 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Ги информираме граѓаните и стопанските субјекти, дека во недела, 21.12.2025 г. во периодот од 06: 30 до 11: 00 часот, без напојување со електрична енергија ќе биде градот Прилеп и приградските населби.
Исклучувањето се врши поради планирани активности на електропреносната мрежа, кои опфаќаат демонтажа на старо проводно јаже од 110 kV далекувод ТС Битола 1- ТС Прилеп 1 и монтажа на нов проводник. Активностите ќе ги реализираат стручните екипи на АД МЕПСО.
Согласно планираната динамика, работите ќе траат најмногу четири ипол часа, по што напојувањето со електрична енергија во Прилеп ќе биде повторно воспоставено.
Апелираме на разбирање од страна на сите корисници, имајќи предвид дека станува збор за планирани зафати од значење за сигурно и стабилно функционирање на електропреносниот систем, информираат од МЕПСО.

—————————————————

 

Би можело да ве интересира

Со 7, 5 милиони денари Општина Прилеп ќе го помага спортот и здруженијата

Дожд проследен со град брзо и моќно го уништи трудот на тутунарите

Пела Редакција

Тројца Бугари заработија кривична пријава за кражба на македонско културно наследство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе