12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Новогодишни наградни конкурси за основците

Пред крајот на годинава, креативните ученици, рецитатори, млади творци – поети или прозаисти, како и учениците кои имаат убав ракопис – краснопис, имаат прилика да учествуваат во Наградните конкурси на Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп.

Во тек се три конкурси кои се однесуваат на учениците од основните училишта од општина Прилеп, преку кои, во натпреварувачки дух тие ќе можат да ги проверат своите знаења, умешности и дарба за изразување и творење.

Првиот конкурс се однесува за избор на најдобра рецитација, за што учениците треба да испратат видео клип, а останатите два се конкурс за избор на најдобар краснопис и конкурс за избор на најдобра лична творба.

Ова се условите за учество и крајниот рок за доставување на творбите:

 I КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА РЕЦИТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД 6 -9 ОДДЕЛЕНИЕ

  • Времетраењето на една рецитација да не биде подолго од 3 минути
  • Изборот на творби е слободен
  • Да биде чиста рецитација (рецитирање наизуст) без пропратни видео и аудио ефекти
  • Снимените видео клипови со рецитации да се испраќаат на e-mail адресата на библиотеката:  [email protected]
  • Натпреварот за најдобра рецитација ќе трае од 18.12.2020 до 25.12.2020г
  • Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на 28.12.2020 гoдини

ΙΙ  КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБАР КРАСНОПИС ЗА УЧЕНИЦИ ОД 3 – 5 ТО ОДДЕЛЕНИЕ

  • Ученикот/ ученичката да користи ракописно кирилско писмо;
  • Правилно пишување на ракописните букви, со посебен нагласок на буквите: д, т, з, л,љ,ј, р.
  • Пишување со иста големина на мали букви.
  • Користење правилна интерпукција, знаци, голема буква и почитување на правилато за пренесување на збор во нов ред.
  • Приближно исто растојание помеѓу зборовите и приближно исто растојание на буквите во зборот и треба да следат приближно ист наклон и ритам на задебелување и разредување на линиите.
  • Правилно користење параграфи (доколку е нагласено при читањето на текстот).
  • Користење на пенкало, малку грешки при пишувањето и севкупен впечаток на јасно и прецизно пишување
  • Ρакописите фотографирани треба да бидат испратени најдоцна до 24.12.2020 на мејл од библиотеката [email protected]  со назнака „за конкурсот за најдобра краснопис“.

ΙΙΙ КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИЧНА ТВОРБА ЗА УЧЕНИЦИОД 6-9-ТО ОДДЕЛЕНИЕ

  • Творбите да бидат авторски/оригинални и необјавени досега.
  • Творбата да биде испратена во електронска форма, потпишана со име и презиме на авторот, работена во Word, Times New Roman, фонт 12, кирилична поддршка.
  • Темата и мотивите се по слободен избор.
  • Композиција на песната.
  • Суштински поетски (лирски) белези на песната.
  • Јазичниот израз во песната и севкупниот впечаток од песната (нешто посебно, ексклузивно во песната).
  • Личните творби треба да бидат испратени најдоцна до 25. 12.2020 година на мејлот на библиотеката: [email protected] со назнака „за конкурсот за најдобра лична творба“.
  •  

ИМИЊАТА НА НАЈДОБРИТЕ РЕЦИТАТОРИ, АВТОРИ НА ЛИЧНИ ТВОРБИ И УЧЕНИЦИ КОИ ИМААТ НАЈДОБАР КРАСНОПИС ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НА 29.12.2020 ГОДИНА.

Би можело да ве интересира

Сабота промоција на книгата „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски

Елизабета Филипоска

В недела ќе навиваме, а како да гласаме за Мила?

Вечерва резервирана за „Романтична вечер на Мелани Пеоска и пријателите“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе