24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во Крушево нова количина маски за заштита од КОВИД 19

Нова донација во наредниот период добива Општина Крушево за зашита од Ковид 19. Но, и тековните мерки ќе продолжат да се применуваат, велат од локлната власт, кои се обидуваа да ги заштитат граѓаните од пандемијата.

„. Така наречениот пик го поминавме, но заразата се уште постои и затоа покрај мерките што ги преземаме најгласни се препораките сите ние да се однесуваме одговорно.“- изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Претходно, за општина Крушево и општините Кривогаштани, Пласница и Долнени беа обезбедени околу 100 000 маски. Општина Крушево доби  6000 заштитни маски од  Naser Alim, бизнисмен и стопанственик во Р.Турција, а 15 000 маски за Крушевчани донираше и прилепската фабрика Тритекс Трејд.

 Воедно, здравствениот дом од Крушево , со поддршка на Министерство за здравство,  започна со ковид тестирање, во насока поефикасно спречување на ширењето на вирусот и брзо детектирање на нови случаи .

Би можело да ве интересира

Избори 2024: одлуката на 8 ми мај ќе биде судбоносна за Македонија!(ВИДЕО)

Пела Редакција

Нема ново евидентирани случаи на заболени

(ВИДЕО)Бачанов: Да кажеме доста е за партиите, да гласаме за НЕЗАВИСНИ!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе