27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ: Почина новинарот Тачко Локвенец

Утринава, на 79 годишна возраст почина Тачко Локвенец, прилепскиот долгогодишен новинар на „Нова Македонија“,  Радио Прилеп, Народен глас, а повеќе години го издаваше сопствениот весник „Порта“.

Локвенец беше  хроничар на Прилеп,  дописник од градот за низа македонски, печатени и електронски медиуми, човек кој што новинарството го работеше со неизмерна љубов, со почит кон професијата, кон слободното изразување.

Тачко секогаш имаше отворен „бележник“ за случувањата во прилепската чаршија, за пулсирањето на градот, за новите „ветришта“ но, со голема почит и присет кон старите времиња, зашто како што велеше и самиот – новинарите се тие, кои што се должни да го остават печатот во времето низ своите вести, репортажи, интервјуа….

Тачко Локвенец беше редовен член на ДНУ Прилеп,  писател, автор и коавтор на повеќе книги, „Љубовни легенди од Прилепската чаршија“, „Судница лудница“, „Дабница“, „Ние сме тука“,„60 години од почетокот до денес“ –  монографија за ПИ Витаминка.

За својата професионална работа Локвенец е повеќе пати наградуван.

Би можело да ве интересира

И прилепските сметководители го поддржаа протестот

Ново продолжување на вонредната состојба за 14 денови?!

Бројот на активни случаи со КОВИД 19 во општина Прилеп се искачи на 123

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе