30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Втор меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре, Прилеп 2023

Денеска и утре, недела, во ООУ Добре Јованоски се одржува вториот меморијален меѓународен турнир во пинг-понг Илија Карески-Каре, Прилеп 2023, во организација на ПК клубот Младост 96-Прилеп. Турнирот и годинава предизвика голем интерес кај спортистите од повеќе земји како и кај прилепската публика со над 130 учесници, од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Грција, БиХ, Бугарија и Македонија. Се игра на 10 маси во повеќе категории: најмали се пионерките и пионерите до 12 и 15 години, потоа младинките и младинците до 19, па  сениорките и сениорите за кои има награден фонд од по 400 евра. Ветераните се во три групи – од 40 до 49, 50 до 64 и над 65 години.
Спортската манифестација се одржува во чест и сеќавање на Илија Карески, поранешен пинпонгар, тренер и спортски работник еден од иницијаторите за создавање на клубот Младост 96. На отворањето на турнирот присуствуваа градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот на општината Дејан Проданоски.

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА) Голем интерес за ракометниот караван во Прилеп

Брегалница убедлива против Победа

Две прилепчанки во составот на женската фудбалска репрезентација до 17 години – за квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе