23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепчанката Стефанија Димеска е најмладата жена спортски пилот во Македонија (Видео +Фото)

Кои се тие машки работи и машки професии?

Тоа едноставно не постои …доказ е мојата определба да бидам жена пилот , а воедно и најмладиот спортски пилот во земјава. Ова се зборовите на младата прилепчанка Стефанија која со восхит зборува за својата професија, која ја сака и негува како нешто најсветло во нејзиниот животен патоказ. Димеска исто така е падобранка , вози мотор и тренира кунфу. Многу предизвици на едно место, но со една чиста и јасна цел , животна приказна која остава без зборови.

ДА СЕ БИДЕ ПИЛОТКА ЗНАЧИ СЕКОЈ ДЕН ДА СЕ РЕШАВААТ НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ И БАРА ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ

Стефанија ни беше гостин во нашата програма во живо и ни кажа многу интересни работи поврзани со нејзината животна определба и адреналинскиот начин на живот , но покрај тоа таа потенцираше дека за сето тоа да биде на едно високо ниво треба да се има постојана надоградба , како што таа прави само и само да биде пилотка за комерцијални летови.

СИГУРНА СУМ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СИТЕ МОИ ЖЕЛБИ КЕ СТАНАТ РЕАЛНОСТ
ГИ ОХРАБРУВАМ СИТЕ ОД ПОНЕЖНИОТ ПОЛ ДА СЕ ПРОБААТ СО ПИЛОТИРАЊЕТО

Нас ни беше чест што започнавме една супер интересна и несекојдневна соработка со најмладата жена пилот во земјава а во исто време дознавме дека желбата кон професијата не познава пречки и нема граници , треба само да се сака својата професионална определба која е водилка во животот на секој од нас . Разговорот во целост може да го погледнете подолу.

ПИЛОТИРАЊЕТО ЗА МЕНЕ ПРЕТСТАВУВА СЕ !
ЕДНАШ ВО ВОЗДУХ – ЗАСЕКОГАШ ПИЛОТКА
https://www.youtube.com/watch?v=Z9xvrguTpl8
 

Би можело да ве интересира

Победа – Шкупи на стадионот во Битола, дебитант Бразилецот Силва

ТРИ БОДА ЗА РК ПРИЛЕП ОД СКОПЈЕ

Победа денеска го игра одлучувачкиот натпревар за опстанок во Втората лига

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе