16.7 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Учество на балканско и европско првенство е приоритет на членовите на АК Стеваноски (ВИДЕО + ФОТО)

Под менторство на Миле Тренчески , со некаде дваесетина деца во Прилеп функционира атлетскиот клуб Стеваноски. Спој на искуство и младост со одлични резултати на домашните натпреварувања. Оние кои тренираат во прилепскиот атлетски клуб не се обврзани да плаќаат чланарина , а кога станува збор за помошта околу опремата потребна за настап , тоа е работа на спонзорот на клубот , Стеваноски , вели Тренчески за време на гостувањето во нашата програма.

УСПЕШНИ НА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ – АК СТЕВАНОСКИ

Како дел од ова атлетско семејство се и младите Стефан , Сара и Софија кои со гордост го носат дресот на својот клуб без разлика кој во која дисциплина се натпреварува.Тие имаат освоено безброј медали и као што велат самите со уште поголема посветеност да бележат одлични резултати и рекорди во своите дисциплини.

За тоа како функционира прилепскиот атлетски клуб Стеваноски , како членовите се подготвуваат за новите успеси но и за тоа колку и како преживува атлетиката во градот Прилеп , погледнете во видеото подолу од разговорот кој се реализираше во живо на нашата програма.

Би можело да ве интересира

Победа денеска го игра првиот контролен натпревар, најавени две засилувања

Со натпреварот во Струга, Победа ќе го сефтоса стартот на Првата македонска лига

Со срце за РК Прилеп, за опстанок во македонската елита

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе