5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Освен Гимназијата, сите прилепски училишта се подготвени за настава со физичко присуство

На увид за тоа како се одвиваат градежните зафати во прилепските основни и средни училишта денеска присуствуваше министерката за образование и наука, Мила Царовска, заедно со градоначалникот Илија Јованоски. Во тек е реконструкцијата на Гимназијата „Мирче Ацев“, со  комплетна рехабилитација на прозорци, фасада, санитарии и подови, во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“во тек е изградбата на спортската сала.
Градоначалникот Јованоски потенцираше дека се е подготвено за старт на новата учебна година според препораките за настава со физичко присуство, но и според новата наставна програма.

– Што се однесува до наставата во нашата општина, спремни се и во основните и во средните училишта за почеток од 1 ви септември.Реконструкции во речиси сите средни и основни училишта се направени во најголем дел. Набавивме за оваа година ИТ опрема и дидактички средства за сите основни училишта. За ИТ опрема се потрошени 25 милиони денари за основните и средните училишта, а 11 милиони денари за нагледни средства во основните училишта за учениците од прво и четврто одделение, рече Јованоски.

И покрај скептицизмот за новите кои се воведуваат во основното образование, ресорното министерство ги воведува модерните и напредни наставни програми од претстојната учебна година, додека на дневна основа ќе се следат препораките од здравствените власти во врска со начинот на одвивање на наставата. Засега, стартот на школската година од 1 ви септември е со физичко присуство, посочи Царовска.   

– Сите оние кои беа скептици дека новата програма ќе може да се подготви и да се имплементира и дека училиштата ќе се подготват со целата техника која што им е потребна, со сите нагледни средства, денеска заедно сме сведоци дека тоа ни се случува. Вистински патриотизам е кога инвестирате во основно и во средно образование. На тој начин директно инвестираме во подобра иднина на нашата држава. Целосно е набавена дидактиката по новата Концепција за основно образование, како и нагледните средства и истите се веќе доставени до училиштата и поставени во училниците. Задоволството кај наставниците веќе се гледа, затоа што знаат дека со оваа инвестиција, доколку нагледните средства се во училница и обезбедени за секое дете, ќе можат многу подобро и поквалитетно да ја сработат наставната програма. За тоа се боревме и тоа денеска го имаме, рече Царовска.

Основното училиште Кире Гаврилоски Јане е едно од најстарите училишта во општината, а дури годинава по повеќе од 60 години од изградбата ќе ја добие  и новата модерна повеќенаменска фискултурна сала.

– Убаво е кога се гради нешто ново, а посебно кога се гради за нашите деца, за нашите ученици. На големо задоволство, на сите вработени, а посебно на нашите ученици, можам да кажам дека конечно ќе можат да ги реализираат своите часови по физичко и здравствено образование во една нова сала со голем број на спортски нагледни средства, реквизити, се со цел правилен раст и развој на нашите деца. Можам да истакнам дека изминатиот период целосно е реконструирана училишната зграда, иако е од дачната 1960 та година, така што се трудиме сите вработени заедно со локалната самоуправа, да го направиме ова место подобро за работа на нашите вработени и ученици. Она што сакам да истакнам е дека сите основни училишта од оваа година отпочнуваат со нови програми во прво и четврто одделение, така и нашето училиште обезбеди голем број на нагледни средства дидактички и училишни материјали, така што сите 6 училници каде што ќе се изведува наставата за прво и четврто одделенците. Обезбедени се интерактивни табли со ЛЦД проектори, како и голем број на нагледни помагала.Така што нашите наставници и учениците ќе ги реализираат своите активности на часот, и ќе учат по пат на експерименти, истражувања, решавање на проблеми и дискусии, односно ќе ја развиваат креативноста кај учениците и критичкото размислување, рече Кети Стевананџија, директорка на ООУ Кире Гаврилоски Јане.

Градежни зафати се реализираат и во прилепската Гимназија каде за последните две години се вложени 800.000 евра.

–  Минатата година со средства од МОН целосно беше реконструиран покривот на училишната зграда, а годинава со средства на МОН во висина од 400.000 евра се врши целосна реконструкција на фасадата, дограмата, како и создавање подобри услови во внатрешноста на објектот. Со реконструкцијата, во подрумскиот дел се добиваат нови 4 простории, со што се создаваат услови за изведување на кабинетска настава. Со средства од Општина Прилеп и Министерството за животна средина се гради нова котлара на гас и нафта, прва од таков вид во нашиот град“, посочи директорот на Гимназијата „Мирче Ацев“, Диме Настоски.

Прилепската гимназија е исклучок за стартот на наставата со физичко присуство, со оглед на градежните активности, така што во договор со Министерството и локалната самоуправа, Советот на родители и училишниот одбор, првите два месеца од новата учебна година во Гимназијата наставата ќе се изведува онлајн.

Би можело да ве интересира

Браво Мила ! А, сега , КАКО да гласаме!

Елизабета Филипоска

Вооружен грабеж во Прилеп

Гордана Цветаноска

Спорт и здрава храна за детство без маана

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе