30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепска делегација во посета на Турција

Општина Прилеп предводена од Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп, деновиве беше во официјална посета на Општина Бајрампаша (Истанбул).Во делегацијата беше и пратеникот Хари Локвенец од СДСМ.  Делегацијата имаше средба со градоначалникот  на  Општина Бајрампаша , ATILA AYDINER ,каде беше срдечно пречкана и со кого разменија подароци,како и со Здружението на иселениците.

Општина Прилеп и Општина Бајрампаша веќе неколку години соработуваат, на културен план,економски и  туристички план. Делегација од Општина Бајрампаша, пред неколку месеци беше во посета на Општина Прилеп, во с.Канатларци. Инаку,традиционално на денот на празнувањето на природата, на денот на разбудувањето на вегетацијата и животот, на Ѓурѓовден, турските исeленици од прилепското село Канатларци, кои живеат во општина Бајрампаша од Истанбул, доаѓаат во својот роден крај, да го посетат дедовото огниште, да се сретнат со роднините и пријателите на заедничка дружба и да се потсетат на спомени на канатларските средби.

 

 

Би можело да ве интересира

Храм Св.Петка: прогласувањето на победниците од Божиќниот конкурс“ в понеделник, на 6ти јануари

“Исчезнаа“ милиони денари од прилепската болница, утврди ДЗР

Пела Редакција

Советот на општина Прилеп ја одржа 10 тата седница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе