29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

До полноќ увид во Избирачкиот список

Денеска до полноќ истекува рокот за граѓаните да можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија.

На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии, кои пак, до 19 треба да достават евентуални барања за негова корекција. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список.

Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава поднесе ОК на ВМРО ДПМНЕ против градоначалникот Јованоски

Прилеп, засега, со една независна кандидатура која „трча“ за собирање потписи за локалните избори

Сугарески кандидат за „татко„ на градот под Марковите кули од редовите на СДСМ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе