7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Стомнароски: Ќе бидам среќен ако сезонава ја освоиме двојната круна (ВИДЕО + ФОТО)

Антонио Стомнароски долги години  е пингпонгар и секогаш кога настапува го дава максимумот за својот клуб. Антонио е препознатлив по својот темперамент и целокупниот ангажман кој го вложува кога е наспроти противникот на пингпонгарската табла.Така беше и викендов кога на мастерсот кој се одржа , Стомнароски го освои високот трето место што секако за силната конкуренција која ја има ова натпреварување е вистински успех.Тој вели дека го совладале емоциите што стигнал до  пиедесталот и дека е горд на остварениот успех.

Антонио со гордост зборува за спортот кој него го исполнува , вели пингпонгот едноставно ме опушта и ми дава сила и енергија кога се натпреварувам за да победам, и покрај тоа што како што истакна при гостувањето во нашата емисија Спортски Журнал , понекогаш се чуствуваат слабости дали од замор или од преголема желба да се надмудри противничкиот играч на таблата.

Среќен е што во моментов со своите колеги од Младост 96  настапува во најквалитетното друштво и се надева дека и годинава клубот ќе ја одбрани титулата а дека женскиот пингпонгарски клуб исто така ќе биде најдобар во лигата. Целосниот разговор со Антониот Стомнароски можете да го погледнете подолу во видеото.

Би можело да ве интересира

Прилепските каратисти од Бонсаи ќе ја претставуваат Македонија на Балканското Првенство во Црна Гора (ФОТО)

Наскоро боксерска ревија во Прилеп (видео – промо)

Победа ремизираше со Пелистер 1:1 (1:1)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе