30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Комуналец апелира на стрпливост и коректност, во тек е пролетното миење на улиците

Започна миењето на сообраќајниците и тротоарите низ градот, екипите на ЈКП ,,Комуналец’’ Прилеп, започнаа со темелно миење на сообраќајниците и тротоарите во градов. Заради ниските ноќни температури и неможноста оваа операција да се извршува во ноќните часови,  миењето на улиците ќе се одвива од 06.00 часот наутро, па се до пладневните часови, информираат од Комуналец:

„Граѓаните да бидат стрпливи, посебно возачите на автомобили, зашто оваа операција ќе потрае подолго време, се додека улиците не бидат комплетно исчистени од остатоците од зимското одржување и наталожената прашина. Разбирливо е да се јавува одредена нервоза кај граѓаните, но истите треба да се воздржат од реакции спрема вработените од ,,Комуналец’’, зашто првото миење и чистењето на се она што остава зимата зад себе е најтешката операција за нив,, “апелираат од ова јавно претпријатие.

Би можело да ве интересира

Расчистен и попесочен коловозот на превојот Плетвар

(фото-видео) Над 300 деца ќе бидат дeл од Бадниковите поворки во Прилеп

Пела Редакција

Градинката „Весело штркче“ во Кривогаштани го прослави 10тиот роденден

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе