30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Ракометарките на Деспина поразени на гости од лидерот Куманово

Деспина во натпревар од 7. коло  изгуби  38:27 на гости кај Лидерот во плеј-оф групата во Женската лига, Куманово .

Прилепчанки пружија отпор само во првите десетина минути, додека во останатиот дел, ракометарките на Куманово со доминантна игра стигнаа до убедливата победа, со која останаа на лидерското место во плеј-оф фазата. При резултатот од 6:5, домаќинките направија серија од 4:0 за 10:5 и тука беше јасно дека гостинките од Прилеп ќе имаат тешка задача за рамноправност во овој дуел.

Најефикасни кај Деспина беа  Ангела Камческа со девет и Сања Цветкоска со осум гола а кај  Куманово со по шест погодоци беа Тамара Ивановска и Јована Кипријановска.

Во следното коло, екипата на Деспина на свој терен ќе ја пречека Стружанка.

Би можело да ве интересира

НЕОЧЕКУВАНО : Висок пораз на кошаркарите на Мега Баскет на гостувањето во Куманово (ФОТО)

И во новата сезона суперлигашки ракомет во Прилеп – Чантурија на чело на прилепчани (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

ПРИЛЕП ИСПУШТИ ТРИУМФ ВО СКОПЈЕ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе