30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Ликовна колонија Дрен, 17 то издание со 17 уметници од земјава и странство

Од 30 август до  5 септември 2025 г., по 17 пат ЦК „Марко Цепенков“ ќе ја реализира  меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025„ на која ќе учествуваат 17 уметници од земјава и од Хрватска и Србија.

-Годинава уметниците ќе работат во преубавата природа на манастирот Св. Ѓорѓија, над езеро. Ќе творат на слободна тема. Очекуваме да создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот во ноември  – вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

На колонијата  ќе творат Јуре Кокеза, Звјездана Јембрих, Злата Томљеновиќ, Звонко Павличиќ, Снежана Манасиќ, Стефан Анчевски, Васко Горѓиев,  Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски, Ристе Мицевски и Бојана Тошевска.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 430 дела.

 

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“ – ТРАДИЦИЈА ЗА ПОЧИТ (ГАЛЕРИЈА)

Пела Редакција

Водици 2023 Осветување на водите на Плетварско езеро

Нема откуп и протести до петок, кога ќе се бара решение меѓу тутунарите и откупувачите во ресорното министерство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе