28 C
Прилеп
петок, 10 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Центарот за услуги во Прилеп ја доближува дигитализацијата до секој граѓанин

Пред 6 месеци воспоставен, Центарот за услуги во Прилеп (во Даночното одделение) на граѓаните и правните лица им го олеснува пристапот до административните услуги достапни преку Националниот портал – uslugi.gov.mk, доволно е да се прикаже личната карта . Тоа е еден од 16 те вакви центри во Македонија каде околу 332 услуги им се достапни на граѓаните и на правните лица за кои претходно требаше да ги обавуваат во подрачните одделенија на повеќе  министерства. Сега, на пример за извод од матична книга, нема потреба да се оди во подрачното одделение на Министерството за правда, туку граѓаните, услугата можат да ја добијат во Центарот за услуги во Прилеп или доколку се регистрирани на uslugi.gov.mk тоа можат да го направат од дома. 

Центарот за услуги во Прилеп е заеднички проект на Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп, сместен во просториите на даночното одделение на Општината. Особено ми е драго што услугите достапни преку Националниот портал за електронски услуги сега им се достапни на граѓаните и преку оваа канцеларија. Ветивме Центар за услуги во Прилеп и тоа ветување денес го реализираме. Прилеп доби и Wi-Fi зона со бесплатен интернет, што е уште една потврда дека градот го вклучуваме меѓу приоритетите во процесот на дигитализација и дека најавените проекти ги претвораме во конкретни резултати,“ изјави Андоновски.

Центарот функционира по принципот „едношалтерски систем“, овозможувајќи им на граѓаните и на правните лица на едно место да добијат информации, поддршка и пристап до услуги од повеќе институции.

„Оваа Влада и оваа локална самоуправа функционираат според принципот „ветено – сторено“. Пред неколку месеци, заедно со министерот Андоновски, најавивме дека во Прилеп ќе биде отворен Центар за услуги, а денес тоа ветување е реализирано. Станува збор за заеднички проект на Општина Прилеп и Министерството за дигитална трансформација. Општината го обезбеди просторот, а преку воспоставениот едношалтерски систем граѓаните сега, на едно место, имаат пристап до услугите што се обезбедуваат и на локално и на централно ниво“, изјави градоначалникот Дејан Проданоски.

Најкористени услуги на порталот uslugi.gov.mk напомена министерот Андоновски се услугите на венчани и родени и умрени, уверенија за државјанство, уверенија за осудуваност/ неосудуваност и други кои што ги издава јавната администрација.

Би можело да ве интересира

Успешна акцијата „Генералка викенд“ во Прилеп

Вековна традиција летање гулаби и фрлање крст во фонтаната на храмот Св.Благовештение

Премиерот за опстанокот на локалните медиуми тврди дека се бара решение

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе