20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

(Видео) Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година „тежи“ 1.520.704.000,00 денари

Буџетот на Општина Прилеп за наредната 2023 година “тежи„  1.520.704.000,00 денари или приближно една милијарда  и петстотини и дваесет милиони денари , што во споредбено со Буџетот за 2022 бележи пад за 1,46%.

„Не’ очекува сериозна година со многу предизвици, бидејќи Буџетот е скратен за милион евра како  резултат на вкупното неработење на претходната локална  власт “ рече претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, дадена по завршувањето на седницата на Советот:

Врз основа на вака проектираниот Буџет, најголем процент од вкупните расходи предвидени за 2023 година се наменети за  капитални расходи;  88 милиони денари  се наменети за изградба и реконструкција на улици и локални патишта на територија на Општина Прилеп; изградба и реконструкција на тротоари и пешачки патеки; зимско одржување и заштита, и за одржување на хоризонтална и вертикална сигнализација на патишта на територијата на Општина Прилеп; 44,4 милиони денари од Буџетот се наменети за изградба на градинка во населба Точила; 19,7 милиони денари за поставување на модуларна катна гаража, 18,4 милиони денари за изградба на главен довод цевковод во с.Канатларци, 7 милиони денари за завршни работи на деловниот простор под северната трибина на Градскиот стадион, 19,2  милиони денари за заштита и одржување на паркови и зелени површини и одржување на јавната чистота; 59 милиони денари наменети се за изградба, реконструкција и одржување на Јавното осветлување и трошоци за потрошена електрична енергија; 27  милиони  денари од Буџетот за 2023 се наменети за урбанистичко планирање, а за поддршка на спортот и физичка култура од Буџетот се планирани се 4,5 милиони денари, додека, пак за поддршка на културните манифестации планирани се 4,1 милиони денари. Во Буџетот за 2023 година предвидени се средства и за  изградба на игралишта и детски катчиња,  еднократна парична помош за ранливи категории и новороденчиња , поддршка на граѓански  здруженија. Предлог –  буџетот  за 2023 година беше и главното прашање на која најмногу дебатираа советниците, со неколку прекини на последната  20та Седница на Советот на Општина Прилеп за оваа 2022 година.

На денешната седница советниците ги усвоија Предлог-програма за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани за 2023 година,  предлог-Буџетскиот Календар на Општина Прилеп, за 2023 година, одлука за измена на Одлуката за утврдување на висината на комунални такси, предлог-програма за обезбедување на оброк за учениците во прво одделение од основните училишта во Општина Прилеп за 2023 година, програма за култура, за 2023 година, програма за спомен обележја на Општина Прилеп за 2023-2028 година. Со мнозинство гласови помина прелог одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2023 година и одлуката за определување на висината на благајничкиот максимум.

При изработка на Буџетот власта тврди дека беа разгледани идеите и потребите на граѓаните добиени преку отворените денови на општината, на средби со урбаните месни заедници, невладиниот сектор и бизнис секторот,  за креирање на поквалитен Буџет за 2023 година и дека Буџетот е креиран во  интерес на потребите на граѓаните на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Двајца затвореници нападнaле осуденик во прилепскиот затвор

Пела Редакција

Општина Прилеп ги распределени средствата за спортските клубови и здруженија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе