29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Младата Михаела патува на светско во Казахстан (ВИДЕО + ФОТО)

Даноска е “нордиско злато”  за Прилеп и Македонија и како таков нордиски натпреварувач продолжува со својата успешна нордиска кариера.Покрај многуте настапи кои ги има на меѓународна сцена , бранејќи ги боите на македонската биатлон репрезентација , Даноска ќе учествува на младинското светско првенство кое во наредниов период ќе се одржи во Казахстан.Михаела во меѓувреме активно се подготвува за овој скијачки мундијал кој за неа ќе претставува уште едно нордиско докажување заедно со најдобрите од светот.За Радио Пела , Даноска рече дека учеството на светското првенство за неа е од големо значење и дека посакува резултат достоен на нејзин личен рекорд и што подобро претставување на Македонија.Во продолжение проследете го и разговорот во целост.

 

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Џудистот Јован Најдоски е најуспешен натпреварувач во 2018 година

Неизвесно, но борбенo и пожртвувано до крај, бодовите останаа во Прилеп

Пела Редакција

МНОГУ НОВОСТИ СЕ ОЧЕКУВААТ ОД ПОБЕДА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе