11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Неделно пладне – автомобил „летна„ в река

Поради не почитување на првенство на минување од страна на ул.Кеј 9ти Септември, кај мостот од другата стрна на ООУ „Кочо Рацин„- Прилеп,  денеска околу 13,оо часот автомобил „голф“  “слета“ во градската река. За среќа нема жртви , а ТППЕ – Прилеп и сообраќајната полиција за брзо дојде на припомош на дечките кои се обидуваа да т.р го извадат автомобилот од реката.

Инаку, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на бројот за итни ситуации 112 е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп.- Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени – соопштуваат од ЦУК.

На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екипа од Полициската станица Прилеп. Едното од лицата не e повредено, додека другото било повредено, но надвор од животна опасност. Конкретно, ЦУК има информација од МВР Прилеп, дека се ангажираните екипи од Системот за управување со кризи (СУК) и е повикана „шлеп“ служба за извлекување на возилото. – Во возилото имало 2 лица, од кои едното лице се здобило со лесни телесни повреди и е пуштено на домашно лекување, додека другото лице е со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност и веднаш е транспортирано со Брза помош во ЈЗУ Општа болница „Прилеп“ – се наведува во соопштението.

Инаку, во последниве три години, ова е 6-та сообраќајнасообраќајна несреќа со голема матерјални штети,  за среќа без човечки жртви и тешко повредени, велат локалните минувачи – втора несреќа, оваа година, на ова исто место, додавајќи дека тука има голема  фреквенција на пешаци, пред се ученици кои секојдневно ја преминуваат улицата и безебедноста не е на завидно ниво.  „Брзо се вози поради „едносмерните„ улици,  не се почитуваат сообраќајните правила, а никој не презема решение за регулација.“ велат минувачите.
И, поради не почитување или не знаење на сообраќајното правило „првенство на минување„ сообраќајките се чести на овој дел од раскрсницата. Граѓаните  ги повикуваат надлежните МВР и локалната власт да преземат мерки на безбедност.

Напомена: Не е дозволено преземање на оваа содржина и фотографиите без дозвола на редакцијата на РАДИО ПЕЛА. 

Би можело да ве интересира

Автомобил удрил во мопед-прилепчанка тешко повредена

Пела Редакција

(ВИДЕО)Законот за нефер трговски практики пред прилепските стопанственици

Пела Редакција

Јанески: додека јас бев директор на Водовод реконструирани беа повеќе од 25 км водоводна мрежа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе