17.6 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ОВР Прилеп: додека соучениците го тепале, еден снимал со телефон

Два физички напади кон малолетници, од кои едниот е врсничко насилство при што настанот бил  снимен со телефон, биле пријавени во ОВР Прилеп:

На 14.05 2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, Ѓ.Р.(36) од Прилеп пријавил дека пред околу две недели неговото малолетното дете на час по физичко образование во основно училиште било физички нападнато од негови соученици, при што еден од нив го снимал настанот со  телефон.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е евидентиран во полицискиот билтен, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.

Инкау, во иднина, родителите кои нема да соработуваат со институциите кога нивното дете ќе изврши насилство, може да се соочат со парична казна од 250 евра. Надлежните велат дека мерката е дел од пошироките напори за справување со врсничкото насилство во училиштата која ја најави министерката за образование Весна Јаневска, говорејќи за новите мерки за справување со врсничкото насилство.

Мерките доаѓаат во период кога јавноста е вознемирена од сè почестите инциденти во училиштата, вклучително и тепачки, закани и насилно однесување меѓу малолетници.

На 15.05.2026 во 01:15 часот во ОВР Прилеп, С.К. од Прилеп пријавил дека неговиот малолетен внук бил физички нападнат од едно женско лице. Се работи на расчистување на случајот. 

 

 

Би можело да ве интересира

Земјоделците излегуваат на протести!!!

Нови дискусии по точките на дневниот ред донесе 62-та Седница на Советот на Општина Прилеп

Пела Редакција

Витаминка со пакетчиња за штитениците на Националниот сојуз на глуви и наглуви

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе