31.1 C
Прилеп
петок, 26 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео) Кој е тајниот загадувач што ги труе прилепчани?!

„Веќе еден месец нешто после 19 часот гори, се шири смрдеа на хемикалии и се чувствува на грлото. Не можеме да отвориме прозорци, неподносливо е, секоја вечер е исто. Сме пријавиле во општина, во инспекција, во полиција, во пожарна… Ништо не се менува“ велат граѓаните кои ги анкетиравме, а на социјалните мрежи се развива дискусија и нагаѓање кој може да биде загадувачот кој што ги труе прилепчани во вечерните и ноќните часови се’ до наутро. Велат дека нема чад, но се шири неподнослива чудна миризба што асоцира на пластика, на смола…

Инспекциските служби повеќе денови заедно со полицијата истражуваат кој е „тајниот“ загадувач, посочува Влатко Петкоски, портпарол на Општина Прилеп.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепската болница се поднови со современ апарат за стерилизирање на опрема

Пела Редакција

Помирување на нациите – услов за мир во светот

Детската Амбасада за сите деца во светот по 19 ти пат организира „Божиќен ручек“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе