22.5 C
Прилеп
четврток, 25 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео) Приказна за девојката со аутизам која ги наслика ѕидовите на градинката – филм на Радио Пела „Инклузија на дело“

Со силни емоции, искрени сведоштва и порака што допира до секого, беше промовирана информатвно – едукативната приказна „Инклузија на дело“, филм кој не зборува само за инклузијата како концепт, туку ја претставува како начин на живот, вредност и заедничка одговорност. Филмот говори за девојка со аутизам, Фиона, која со четка и бои во рака, науморно, секојдневно, со огромна љубов ги наслика ѕидовите на градинката “Гоце Делечев“, објект во состав на ЈОУДГ “Наша Иднина“ – Прилеп.

Публиката ја проследи проекцијата со особено внимание, а многумина не ги сокрија емоциите. Приказните е за луѓето кои секојдневно се соочуваат со предизвици, но и со предрасуди, потсетиувајќи дека вистинската инклузија започнува тогаш кога ќе научиме да го гледаме човекот пред сè, а не неговата различност.

Краткометражниот филм кој го изработи  Радио Пела со поддршка на ЈОУДГ “Наша иднина“ е создаден со цел да поттикне размислување, но и да предизивка конкретна акција. Неговото значење не е само во раскажаната приказна, туку и во пораката дека инклузијата не треба да биде административна обврска или законска формалност. Таа треба да биде дел од секојдневното функционирање на институциите, училиштата, работните места и локалните заедници.

„Инклузијата не е нешто што треба само да се спроведува. Таа треба да се живее,“ беше една од најсилните пораки што произлезе од преокцијата. Институциите имаат клучна улога во создавањето услови за еднаков пристап и учество на сите граѓани, но нивната задача не завршува со исполнување на законските обврски. Потребна е култура на прифаќање, почитување и поддршка која ќе стане дел од секојдневната практика.

Истовремено, информативниот – едукативен филм испраќа јасна порака и до пошироката заедница. Инклузивноста не се гради само преку политики и стратегии, туку преку луѓето, преку нивната подготвеност да создаваат средини во кои секој се чувствува добредојден, вреднуван и прифатен. Секој граѓанин, организација, компанија или институција има улога во градењето општество во кое различностите не се пречка, туку богатство.

Преку емотивни моменти и автентични искуства, „Инклузија на дело – Девојката со боите“ успева да ја доближи суштината на инклузијата до секој гледач. Филмот не нуди само одговори, туку поставува важни прашања: Дали навистина создаваме еднакви можности за сите? Дали ги слушаме потребите на оние кои се најчесто невидливи? И што може секој од нас да направи за да придонесе кон поинклузивна заедница?

Промоцијата заврши со силна порака дека инклузијата не е цел што треба да се достигне, туку процес што постојано се гради. Токму затоа, приказната „Инклузија на дело“ претставува повик до сите институции, организации и граѓани заеднички да создаваат општество во кое секој човек ќе има можност да учествува, да придонесува и да се чувствува рамноправен.

Зашто вистинската инклузија започнува тогаш кога различностите ќе ги препознаеме како наша заедничка сила.

Би можело да ве интересира

Задушница – молитва за упокоените, Духовден – роденден на Црквата

Пела Редакција

Дочек на Новата 2025-та година на Плоштадот „Александрија“ во Прилеп!

Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе