10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

„Копнежот на светлината“ изложба на слики од Душан Коцев

„Копнежот на светлината“ е изложбата на слики од Душан Коцев што ќе биде отворена утре, на 29.09.2023 /петок/ од 19 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“.

Со изложбата Душан преку своите уметнички дела ја преточува својата визија во реалност.
– Во најдлабоките мракови на душата копнееме за светлина. Со надеж нашите очи се вперени кон светлината. Копнежот не води кон спасение ! – вели авторот. Темата кон која со многу луцидност и творечка енергија се навраќа авторот уметник низ повеќе од 20-ината уметнички слики изработени во акрилна техника на
платно, на најсублициран начин ни ја прикажуваат вечната борба меѓу доброто и злото, а
во преносно значење, меѓу светлината и темнината.
– Авторот целосно свесен за секојдневието во кое и денес човештвото вегетира, со многу опасности и контаминации, наспроти жртвата на Бога земскиот живот да биде вековит и во благосостојба, испраќа порака дела светлината треба да биде нашиот единствен пат по кој чекориме, ако сакаме да стигнеме по посакуваната цел – вели професор Славчо Атанасов.
Радовишанецот Душан Коцев годинава остварува 30 години активно творештво.
Досега реализирал четири самостојни изложби, учесник е на повеќе од 35 групни изложби во земјата и во странство. Осум години е организатор на меѓународната Радовишка ликовна колонија.

Би можело да ве интересира

Александар Јовевски со виртуозен концерт во Прилеп (ВИДЕО)

Пела Редакција

„МОИТЕ СОНИШТА НА МОНУМЕНТАЛНИ ПЛАТНА“ , изложба на Кирил Гегоски

Гордана Цветаноска

Отворена изложбата “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата”

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе