16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Започнаа градежните работи за изведба на кружниот тек кај Цепенков

Започна реконструкцијата на крстосницата од Булевар „Гоце Делчев“ и улица „Кузман Јосифовски Питу“ кај ЦК Марко Цепенков. Според најавите на местото од сегашното семафорно сообраќајно решение ќе се гради кружен тек. Ваквото идејно решение беше најавено минатата година во јули кога градоначалникот Борче Јовчески информираше дека општината има обезбедено 5 милиони денари, а градежните активности ќе започнат за еден месец.

Но, стартот на реализацијата на проектот се пролонгира во постапката за избор на градежна фирма – изведувач. Првиот тендер во 2023 та пропадна бидејќи понудите биле повисоки од предвидената сума, а на вториот тендер за најдобра понуда беше избрана онаа од Изофас Прилеп. Договорот за изведба на градежните работи Општината го потпиша во ноември 2023 та во висина од 4 милиони 583 илјади 859 денари без ДДВ.  Проектот треба да заврши до мај оваа година.

Би можело да ве интересира

На утрешната седница ќе се разгледува програмата за уредување на градежно земјиште за 2024 година

Пела Редакција

Простор за складирање отпад или депонија е плац во нас. “Сточен пазар“ ?!

Димитриевски: нема да дозволам Македонецот да биде граѓанин од втор ред во својата држава

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе