11.1 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

(Видео) Пролетна радост на новото инклузивно игралиште! Сите деца се исти – сите заедно учат да ја чуваат околината

Убавиот пролетен ден, Денот на екологијата и Денот на пролетта, 21 Март, беше повод, на новото детско инклузивно игралиште на Могилата на непобедените да се соберат деца од неколку основни училишта, и преку детски игри, забава, музика и користењето на реквизите, поставени на инклузивното детско игралиште, да се дружат и да научат дека сите деца се исти, дека сите ја сакаат играта и забавата, дека заедно играта е пубава и повесела и дека сите треба подеднакво да се грижат за животната средина и да ја чуваат околината од загадување.

Во интересна едукацијата за инклузивноста и екологијата, на игралиштето беа засадени и 20 -тина „туи“ за облагородуваењ на овој постор , во кои учествуваа сите деца.

Настанот беше во организација на Општина Прилеп, насловен „Пролетен хепенинг„ а, детското игралиштето кои е изградено преку програмата „Форуми во заедницата“ од проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ , стана функционално за потребите на сите деца, бидјеќи сите уживаа во забавата на  нишалките, лизгалките и другите детски реквизити.

Изјава  на градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески по повод Денот на пролетта и Денот на екологијата!

 

 

Би можело да ве интересира

Активација на ранливи групи на пазарот на трудот – проект на Агенцијата за вработување

Прилепската чаршија подготвена за првиот „Прилеп аутлет викенд“!

Гордана Цветаноска

Итната медицинска помош се пресели во Градската болница Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе