16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Колку пари ќе добие Општина Прилеп од централната власт со ребалансот на буџетот?

Познато е дека за Општина Штип се предвидени 6милиони евра, а за Виница, два милиони…,А, колку пари ќе добие Општина Прилеп од централаната власт со ребалансот на буџетот? Дали општината ќе ја активира постапката за издавање на општинска обврзница? Кој капитални инвестиции се предвидени со средствава што ќе се добијат од централнат власт? На овие прашања граѓаните на Прилеп чекаат одговор од локалната власт, но факт е дека финансиска поддршка од Владата за реализација на капитални проекти во локалнта заедница ќе бидат добредојдени на за реализација на предвидените проекти,за поквалитетен живот на прилепчани.

Со ребалансот на буџетот се овоможуваат 100милиони евра за директна поддршка на општините, што беше најавено и во изборната програма на сегашната власт.

Собраниската комисија за финансирање и буџет по три дена дискусија ја заврши општата рсправа по ребалансот на буџетот, а седницата на комисијата ќе продолжи утре со амандманска расправа.

По ребалансот на буџетот, градоначалниците,  веќе ги „кројат“ понатомошните планови за реализација на капитални проекти што генеарлно зависат од средствата што ќе им ги доделе централната власт.

На почетокот од наредната година општините ќе може да аплицираат и за средства од унгарскиот заем во висина од 250 милиони евра.

Би можело да ве интересира

За Пиво Фест, се подобрува соработката меѓу угостителите и полицијата

Прилеп одбележа 154 години од раѓањето на идеологот Гоце Делчев

Пела Редакција

Над 8 милиони евра ќе распределат акционерите на Мермерен Комбинат АД Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе