„
Главните случувања во Македонија во овој период се во Прилеп од 17 до 19 јули. Имаме 15 штадови со 20 вкусови на пиво и многу угостители со вкусна прилепска скара, а на главната сцена многу звучни македонски и странски музички ѕвезди. Ги поканувам сите граѓани на Македонија да го посетат Прилеп во овие три фестифалски вечери, бидејќи покрај штадовите ќе функционира старата прилепска чаршија, во кои се наоѓа и симболот на градот, градскиот саат, кои оваа година одбележува 200 години од неговаа постоење, и многу локални дуќани и продавници за шопинг, кафитерии со специјалитети од кафе и други содржини за убави фестивалски вечери,“ истакна градоначалникот на Прилеп ,Дејан Проданоски на прес конференцијата која се одржа на првиот фестивалски ден,
гордо соопштувајќи дека овој фестивал ќе се памети ,бидејќи само за 10 часа, Прилеп добил 7 нови жители, а во двата дена 10 новороденчиња, „што е најубава вест за здравица“ рече тој на прес конференцијата

