18.9 C
Прилеп
сабота, 18 јули, 2026
Пела Радио

(ФОТО) Премиерот Мицкоски на Пиво фестивалот во Прилеп

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Пиво Фестивалот во Прилеп, давајќи поддршка на една од најзначајните туристички и забавни манифестации во државата.

На првата фестивалска вечер, на која се точеше ладно пиво и се нудеше прилепска скара, премиерот беше во друштво на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, прилепските пратеници, новоизбраниот претседателот на ОК на ВМРО – Прилеп, заменик министри,  и прилепските бизнисмени, вклучително и домаќинот на една од најголемите пивници “Прилепска Пиварница“, Сашо Самарџиоски.

Инаку, вечерва илјадници посетители од земјата и странство уживаа во богатата музичка програма и фестивалската атмосфера, со што Прилеп уште еднаш ја потврди својата улога како град – домаќин на еден од најпосетените летни настани.

Пиво Фестивалот и оваа година ги обедини граѓаните, гостите и институциите околу заедничката,а  поддршката од највисоките државни претставници дополнително ја нагласува важноста на фестивалот и неговиот придонес во развојот на локалната заедница.

Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија“, напиша Мицкоски на својот ФБ профил

Тој истакна дека ваквите манифестации претставуваат потврда за значењето на заедништвото, непосредната комуникација со граѓаните и поддршката на локалните настани, кои, како што наведе, се важен дел од животот на секоја заедница.

 

Би можело да ве интересира

Избрани реонските попишувачи за Прилеп (реон 19)

Анкета за работата на општинската администрација во Општина Крушево

Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Седницата на Советот на Општина Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе